ОЛАБАВЕНИ МЕРКИ - ОТВОРЕНИ ТЕРАСИ

Британците по карантинот планираат да пијат повеќе

Англичаните желно го очекуваа отворањето на угостителските објекти, па веднаш по нивното отворање, масовно ги “нападнаа”.

Извор: google

Англичаните желно го очекуваа отворањето на угостителските објекти, па веднаш по нивното отворање, масовно ги “нападнаа”.

За цели 150 проценти зголемени се нарачките во рестораните, а резервации се закажуваат со денови однапред. Иако работат само летните тераси, тоа не ги спречи Англичаните да пијат вино и пиво во пабовите на првиот ден по карантинот и тоа во обем за 113% повеќе од 2019 година, пред пандемијата.

Проценката е дека окол 40 проценти од сите пабови и ресторани во В. Британија имаат доволно отворен простор за да можат да организираат работа под сегашните услови и протоколи, кога угостителската индустрија смее да опслужува само на отворено.

Следната фаза на олабавување на мерки во Велика Британија се очекува да започне од 17 мај кога и останатите угостители ќе може да профункционираат, односно сите оние кои имаат само затворени делови.

Бонус видео…