МЛАДОСТ - ЛУДОСТ

Не можат да патуваат, па затоа богатите трошат пари на „Ferrari“ и „Lamborghini“

Ако продажбата на автомобили минатата година поради затворање на фабрики и други ограничувања предизвикани од пандемијата, претрпе штети, продажбата на луксузни автомобили, како што се „ferrari“, „bentley“ и „lamborghini“, доживеа огромен раст кон крајот на 2020 година.

Извор: google

Во САД, вкупната продажба на патнички автомобили падна за 10% минатата година во однос на 2019 година. Иако продажбата на автомобили закрепна во четвртиот квартал, таа го достигна само нивото на четвртиот квартал од 2019 година.

Но, на големо изненадување на авто дилерите, продажбата на автомобили кои чинеа над 80.000 американски долари беше речиси двојно поголема во четвртиот квартал од минатата година. И тоа особено кај автомобили кои чинат повеќе од 100.000 американски долари, продажбата во САД се зголеми за 63% во истиот квартал.

Бидејќи богатите не можеа да трошат пари на патувања и забави, многумина се насочија кон луксузни добра, како што се ултра скапи автомобили. Според изјавите на менаџерите на најголемите авто производители, богатите клиенти често ги нарачуваат овие автомобили според точните спецификации и ги чекаат со месеци.

Никој не ја очекуваше Covid 19 пандемијата, па затоа неподготвени беа затекнати и производителите на луксузни авто брендови кои никогаш претходно не чувале залихи од овие продукти.

Бонус видео…