ИТАЛИЈАНСКА СИМБОЛИКА

Во Венеција, дури и вакцинирањето се одвива на вода

Во Венеција почна вакцинирање против коронавирусот кое се изведува во популарните бродови за туристи кои сега ја играат клучната улога за „да се биде или не”.

Извор: google

Во Венеција почна вакцинирање против коронавирусот кое се изведува во популарните бродови за туристи кои сега ја играат клучната улога за „да се биде или не”.

Во бродовите означени со црвена боја и стационирани на местото каде што обично застануваат бродовите за туристи, започна процесот на вакцинација од Covid 19 за постарите жители на Венеција.

Овие бродови кои вообичаено се полни со туристи, сега играат клучна улога во борбата на Италија против пандемијата и се користат како пловечки центри за вакцинација.

Симболично, со ваквиот потег, Италијанците посакуваат на овие места да го победат злото и токму на овие места да се врати повторно во живот она што беше омилено за туристите на овој град – пловидбата и прекрасните разгледници на градот.

Бонус видео…