Извор: google
SEAT внесува нова енергија во своите урбани возила со младешки дух што создава еволуција во надворешноста и револуција во ентериерот на неговите постојано популарни модели на Ibiza и Arona.
SEAT Ibiza е иконски модел за успех на брендот. Од своето претставување уште во 1984 година, малиот хечбек се етаблираше како најуспешно возило што некогаш се појавило на производствената линија на SEAT. И освежената верзија има за цел да го одржи тој победнички менталитет.
Кон него се придружува и подобрениот урбан теренец SEAT Arona кој обезбедува поцврст надворешен дизајн и поголем теренски карактер, така што дури и на гласните улици во градот, тој изгледа побезбеден и возно поспособен.
„SEAT Ibiza е камен-темелник на успехот на брендот, со продадени близу 6 милиони возила во текот на неговите пет генерации, додека SEAT Arona е втор најпродаван модел на SEAT минатата година“, рече претседателот на SEAT и CUPRA.
Извор: google
Светот стана сè повеќе дигитализиран и поврзан, а SEAT Ibiza и Arona се подготвени да бидат дел од таквиот напредок, додавајќи поголема интуитивност, функционалност и перципиран квалитет на внатрешниот простор, постигнато преку подобрен дизајн и зголемени нивоа на технологија.
Светската премиера е закажана за 15 април во 22 часот. Дотогаш SEAT ни откриваат само дел од новите модели преку видео најава.
Бонус видео…