ЦЕНА ЗА КВАДРАТЕН МЕТАР

Кој град на Балканскиот полуостров е најскап?

Што вели европскиот индекс на цени на недвижностите во однос на нивото на приход? Еден град важи за најскап град во регионот кога станува збор за цена по квадратен метар.

Извор: unsplash

Што вели европскиот индекс на цени на недвижностите во однос на нивото на приход? Еден град важи за најскап град во регионот кога станува збор за цена по квадратен метар. Сплит е трет најскап град во Европа според цените на недвижностите во однос на износот на приходот, судејќи според страницата „Нумбео“, која се смета за најголема база на податоци за трошоците на животот и квалитетот на животот. Односот на цените на недвижностите и просечниот приход во тој град е 20,3.

На ниво на Европа, Сплит е поевтин само од Москва (сооднос 21,12) и Париз (сооднос 20,97), додека Белград е на четвртото место, со сооднос 19,77.

Ова е список заснован исклучиво на односот на просечните плати и цените на недвижностите, по што следат Белград, Владивосток, Гдањск, Прага и Милано, пишува Индекс.хр.

Хрватска, на пример, има дури два града рангирани меѓу 20-те најскапи во Европа, во овој домен, и покрај Сплит, токму Задар е 13-то место. Според овој индекс, тој беше престигнат од Минхен, во кој соодносот е 16,27. Интересно е и тоа што Лондон, кој важи за најскап европски град, овојпат ја зазема само 20-та позиција.

Рим е на 9-то место, Лисабон на 11-то, Будимпешта на 22-та позиција, а веднаш зад него е Нови Сад. На 24-то место е Фиренца, потоа Стокхолм, додека Бања Лука го зазеде 30-то место. Главниот град на Хрватска е на 33-то место на оваа листа, а пред неа се само Порто и Барселона.

Загреб ги остава зад себе Скопје, Љубљана, Мадрид. Беа земени предвид дури 192 градови во Европа, а интересно е и тоа што Брисел се најде само на 187. позиција. Цирих, на пример, е на 153-то место, ако ги земеме предвид цените на недвижностите и просечната заработка. Сараево ја зазеде 108. позиција.

Во нашата земја, цените на становите генерално скокнаа во последните 3 години, а кога станува збор за продажбата и кога станува збор за изнајмување. Населбата Аеродорм сè уште доминира според пронцентот на изградени згради и станови во понуда, а најбараните станови се од 40 до 50 квадратни метри.

Бонус видео…