САЈБЕР КРИМИНАЛ

И бројот на основачот нa Facebook е еден од нелегално објавените податоци

Бројот на мобилниот телефон на извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг е еден од протечените лични податоци на 553 милиони корисници на таа социјална мрежа што хакерите ги објавија на Интернет.

Извор: google

Името, локацијата и брачниот статус на Цукерберг, како и датумот на раѓање и корисничката лозинка на Facebook беа меѓу многуте украдени лични податоци објавени на форумот за хакери во саботата.

Протекоа и лични податоци на Крис Хјуз и Дастин Московиќ, коосновачи на Facebook. Сепак се работи за стари податоци кои претходно биле пријавени во 2019 година.

Податоците се илегално стекнати и препродавани меѓу компјутерски криминалци веќе некое време, но саботното протекување на информации на хакерски форум сега ги прави во суштина бесплатни.