Извор: google
Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека околу 20 проценти од вакцините во светот се намалуваат поради несоодветен транспорт и складирање. Ова не се однесува само на вакцините за коронавирусот, туку и на сите други вакцини, а најголемите проблеми во транспортот се во земјите во развој.
Затоа СЗО ја овласти Toyota да подготви специјално возило за транспорт на вакцините.
За таа цел, Toyota конструирала специјален Land Cruiser (Серија 70) со помош на луксембуршката компанија B Medical Systems, чија задача била да се погрижи за ладилникот што е инсталиран во теренецот.
Единица од 396 литри може да прими 400 пакети вакцини на температура од 2 до 7 степени.
Се проценува дека околу 1,5 милиони деца во светот умираат годишно (од разни болести) затоа што не се вакцинирани на време.