Извор: unsplash
Виртуелната асистентка Siri од сега нема да има исклучиво женски глас. Во последната бета верзија на iOS, корисниците на „iPhone“ и „iPad“ ќе може да го одберат својот омилен Siri глас при подесувањата на уредот.
Со оваа промена, „Apple“ воведува два целосно нови гласови за Siri кои се достапни за сите кои зборуваат англиски јазик низ светот. Siri повеќе нема да има само женски глас со што на корисниците им се дава поголема слобода на избор при конфигурирањето.
Apple го прави ова со цел продолжување на посветеноста кон производите кои се дизајнирани подобро да ја оддржуваат различноста во светот во кој живееме.
Оваа вест е најнов пример за големите технолошки компании кои се обидуваат да отстранат било какви родови поврзаности со своите дигитални гласовни асистенти. За да нема пристрасност или негативни стереотипи, истражувањата докажале дека виртуелниот асистент не мора да има само женски глас.