АВИОНСКИ ПОНУДИ

Во време на криза, авио компании нудат услуги со кои ќе мислите дека сте во авион

Бројни компании се обидуваат да осмислат нови начини на заработка за време на ограничувањата на патувањето поради пандемијата на коронавирусот.

Извор: google

Бројни компании се обидуваат да осмислат нови начини на заработка за време на ограничувањата на патувањето поради пандемијата на коронавирусот. Па, така и авиокомпаниите кои се едни од најпогодените од економската криза. Во продолжение прочитајте интересни хит понуди на некои авио превозници.

Најголемата јапонска авиокомпанија All Nippon Airways (ANA) воведе нова услуга за „патници“ во авиони кои всушност не летаат никаде. Ова се оброци за прва класа авиони кои чинат 540 долари, а оваа понуда за кратко време стана хит.

Сите датуми за април се распродадени за краток временски период. Лицата кои ќе ги купат ќе треба да дојдат, под протоколи и дистанца да седнат во авионот, да го изедат оброкот и да уживаат, замислувајќи дека се на патување. A всушност авионот е само паркиран на пистата и никаде не може да полета.

Исто и авио компанија во Австралија нуди локално патување, а услуга слична на јапонската нуди и Singapore Airlines во паркиран авион Aribus A380. „British Airways“ нуди и домашна достава на своите ‘прва класа’ јадења.