СОЦИЈАЛНА ПРОДАВНИЦА

Погледнете во кој град постои продавница каде сè е бесплатно

Главниот град на Нов Зеланд, Велингтон, стана град со многу невообичаено место – продавница каде сè е бесплатно. Оваа „Социјална продавница“ или „банка за храна“ како што се нарекува, е основана од градска организација со цел да одговори на барањата и потребите на локалното население

Извор: google

Главниот град на Нов Зеланд, Велингтон, стана град со многу невообичаено место – продавница каде сè е бесплатно. Оваа „Социјална продавница“ или „банка за храна“ како што се нарекува, е основана од градска организација со цел да одговори на барањата и потребите на локалното население.

Нивната цел е да изградат заедница заснована на грижа за другите. Со цел да се реализира можноста за купување, сите заинтересирани треба да контактираат со организацијата, за да објаснат во каква ситуација се наоѓаат и зошто им е потребен ваков вид на помош. После тоа, тие закажуваат состанок кога ќе можат да одат на шопинг.

Наместо цени, предметите во продавницата се обележани со поени од 1 до 5, каде 1 поен вреди за најевтините намирници, додека 5 поени вредат намирници во вредност од повеќе од 10 долари. Во зависност од ситуацијата во која се наоѓа лицето, организацијата одлучува колку поени за набавката ќе му бидат доделени.

На овој начин, социјално загрозените лица не добиваат готов пакет храна, туку сами одлучуваат што да купат и како да управуваат со својот буџет. Веќе има околу 3000 производи во продавницата и во нив можете да најдете сè, освен алкохол и цигари. Социјалната продавница има поддршка од големи ланци на супермаркети, но донациите се секогаш добредојдени.