НЕДОСТАТОК НА РАБОТНА СИЛА

Пад на бројот на работници во рударство и преработувачка индустрија

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 96.1.

Извор: google

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 96.1.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи опаѓање од 6.7%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 3.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.9%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3.8%, нтермедијарни производи, освен енергија за 4.8%, Капитални производи за 2.3%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.3%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на периодот јануари – февруари 2020 година, изнесува 96.2.