ПОСТРОГИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА

Поскапување на условите за работа на обложувалниците и игрите на среќа

Обложувалници на 500 метри оддалеченост од основните и средните училиште, но и поскапи лиценци се предлог-измените за Законот за игри на среќа.

Извор: unsplash

Поскапи лиценци се предлог-измените за Законот за игри на среќа, исто така сите обложувалници ќе мораат да бидат минимум 500 метри оддалечени од основните и средните училиште.

За приредување на електронски игри на среќа, ќе се плаќа надоместок во износ од 70 евра по терминал, наместо како досега по 30. За приредување на лотариските игри на среќа на државата ќе и се плаќа 6, наместо 4 отсто, од приходите од вкупно остварените уплати.

Лиценца за приредување на интернет игри на среќа може да се добие само ако операторот има основна главнина од 500.000 евра, наместо само 40.000 евра како што е актуелниот услов.

Извор: pexels

Дали ќе се прифатат овие измени, ќе знаеме до 30 јуни кога треба да се најдат на владиниот дневен ред. Ова е индустрија која носи годишен прилив од 280 милиони евра во државниот буџет на Македонија, па затоа е веројатно дека обложувалниците ќе застанат против овие предлог измени.

Обложувалниците ќе мора да приложат документ со кој се докажува оддалеченост од половина километар од училиштата до кои се доаѓа по најкраткиот безбеден пат. А за добивање лиценца, наместо 105.000 евра ќе треба да платат 125.000 евра. Со лиценцата компаниите ќе имаат право да отворат најмногу 25 уплатни места, а за секое наредно ќе треба да платат дополнително по 5.000 евра.