Извор: google
Колку пари мислите дека би биле потребни за да се изгради куќа на Месечината? Одговорот на тоа прашање се обиде да го даде финансискиот аналитичар Салман Хаќи, а сумата би изнесувала 60 милиони долари. Се разбира, ова не значи дека некој со 60 милиони долари може да изгради куќа на Земјиниот сателит затоа што, ако е така, Илон Маск веќе ќе градеше мали градови. Сепак ова се некои груби предвидувања кои земаат предвид различни фактори.
Трошоците за градба на една таква куќа вклучуваат набавка и монтажа на специјални материјали како прозорци отпорни на метеор кои можат да ја издржат лунарната атмосфера, потоа патни трошоци од Земјата до Месечината и транспорт на материјали, како и трошоци за астронаутите и нивните лунарни часови, кои дефинитивно се повисоки од работниот час на градежните работници на нашата планета.
Но, анализата вели и дека трошокот може значително да се намали затоа што генераторите на електрична енергија, алатите и работниците веќе ќе бидат таму, така што нема да треба да се испраќаат. Цената тогаш може да падне на „само“ 51 милион долари. Во таков случај, електричната енергија би се добила преку соларни панели, кои би се разликувале од оние што ги користиме на Земјата.
Извор: google
Имено, постојат опасности како зрачење и метеори за обични солари, а проблем е фактот што од време на време куќата би била во целосен мрак две недели, со температури од -173 степени.
Едно решение е да се донесе нуклеарен реактор од Земјата, што би бил дополнителен трошок од милијарда долари. Покрај тоа, треба да се земат предвид и дополнителни трошоци за храна и преживување бидејќи храната ќе треба да се одгледува на самото место и ќе треба да се најдат извори на вода (со минирање на мраз или носење од Земјата), што не е лесно.
Но, иако веројатно нема да можеме да купиме имот на Месечината толку брзо, тоа не значи дека нема да можеме да останеме во вселената и да уживаме во погледот на нашата планета преку престојот во првиот вселенски хотел.
Се планира првиот вселенски хотел да започне со градба во 2025 година, а веќе во 2027 година, првите гости ќе можат и да го посетат.