ЛИБЕРАЛЕН ФАШИЗАМ

Познатите цртани филмови на Дизни осудени поради расизам и сексизам

Она што беше смешно порано, денес станува забрането.

Извор: google

Она што беше смешно порано, денес станува забрането. Теророт на политичката коректност во Америка се претвора во војна за идентитет со несогледливи последици. Многу цртани ликови како слончето Дамбо, Петар Пан или Брзи Гонзалес добија црвен картон од продукциите кои имаат права за емитување на овие содржини.

Стриминг платформата „Дизни+“ ги категоризираше познатите филмови „Книга за џунглата“, „Петар Пан“ и „Дамбо“ како содржини за над 12 годинишна возраст поради расистички стереотипи. Во октомври 2020, „Дизни“ им додаде посебно предупредување на овие филмови, кое укажува дека во нив има негативни описи или некоректни однесувања кон луѓе или култури.

Брзи Гонзалес е забранет за малите деца затоа што пропагирал идеја за летаргичност, алкохолизам и склоност кон убивања на Мексиканците. Дамбо веќе не е дозволен поради тоа што враните во цртаниот зборуваат со црнечки акцент, а бели изведувачи имаат црни бојосани лица и ги исмеваат африканските робови на плантажите, додека во „Петар Пан“, според официјалното објаснување на „Дизни“, Индијанците се нарекувале црвенокошци и се прикажани на стереотипен начин што не ја рефлектира различноста на домородците или нивните автентични културни традиции.

Но на Запад, не настрадаа само цртаните херои, туку и стрип јунаците. Писателот на популарни детски книги, Теодор Сус Гајзел, чии книги беа продадени во стотици милиони примероци во последните седумдесет години е исто мета на отстрел.

Извор: google

Издавачот нема повеќе да ги објавува неговите книги со објаснување дека авторот „цртал пропагандни стрипови што одразувале анти-црнечки и анти-јапонски мотиви“.

Целата оваа рестрикција и т.н. согорување на несакана содржина се спроведува во име на заштита на децата од изложеност на расистички сцени и ставови лишени од критички контекст. Сосема контрадикторно на ова е што денес истите деца ширум Америка, за кои толку се внимава, се изложени на манифестации каде трансвеститите се светлуцаво нашминкани, во тесни фустани и со високи потпетици, а им се нудат и неморални детски приказни кои очигледно никому не пречат. Но, затоа пречат цртаните херои како Могли, Петар Пан или Дамбо.

Каде оди овој вид културна револуција во Америка? Како едно општество што може да се пофали дека е либерално, го предизвика феноменот на поништување и забрани?
По мислењата на одредени политиколози, во тек е заокружувањето на политичкиот удар што се случи на 11 септември 2001 година. Неоконзервативците тогаш ја презедоа целосната контрола врз американската политика, го соборија Трамп и следна стратегија е културната револуција на која сега сме сведоци.

Тоа е последниот чин на оваа драма во која либеро-фашистите како нова општествена класа ја преземаат целосната контрола над Америка – КАСТА кои се впрочем социјална група на новосоздадени либерални капиталисти (фашисти) кои мислат дека имаат секакви права во земјата и над светот, а со тоа и над културата во САД. Сите идни потези се одлично осмислени и маркетиншки добро спакувани, тие имаат цел на тотална превласт и контрола врз обичниот свет. Се појавија за време на неолибералната кампања по падот на Берлинскиот ѕид, а сега се обидуваат да го зголемат своето влијание и моќ, штитејќи се од „валканите“ маси и од ликови како Доналд Трамп.