Извор: google
Москва, Париз и Сплит се трите најскапи градови во Европа по цените на недвижностите споредено со висината на приходите – објавува страницата „Numbeo“ како најголема база на податоци за трошоците за живот и квалитетот на живот. Имено, односот на цените на недвижностите и просечниот приход во Сплит е висок 20,3. Сплит е зад Москва (сооднос 21,12), која е на првото место по и Париз (20,97), а пред градови како Белград (19,77), Владивосток (18,63), Гдањск (18,31), Прага (17,97) и Милано (17,85).
Освен Сплит, во Хрватска се наоѓаат и други градови кои влегуваат во топ 20 најскапи места за живеење. Па така, Задар е на 13-то место, со сооднос 16,41, пред Санкт Петерсбург (16,34) и Минхен (16,27). Интересно, Лондон, кој има репутација на град со неподносливо високи цени на становите, е на 20-то место, со сооднос од 15,65. Загреб на 33. место, пред Мадрид.
Со сооднос 13,47, Загреб е пред Скопје (13,46), Мадрид (13,37) и Љубљана (13,35). Во Сплит, според податоците на оваа специјализирана страница, цената на квадратен метар на стан во центарот на градот во просек е 25 403 куни, а надвор од центарот на градот 18 694 куни. Изнајмување на еднособен стан во центарот на градот е во просек 3220 кн, а надвор од центарот 2803 кн. Градовите крај далматинското приморје држат повисоки цени за станови токму поради тоа што се места во кои туризмот игра клучна улога.
За Скопје, проценката е дека изнајмување на еднособен стан чини 15.265 денари, а на трособен во центарот на градот е 26.720 денари. Доколку сакате да изнајмите еднособен стан подалеку од центарското градско подрачје на главниот град, ќе треба да платите околу 10.920 денари, а за трособен – 17.475 денари.
Во центарот на Скопје, да се купи стан чини чини 76,387 денари по квадрат, а 54.782 денари за метар квадратен подалеку од центарот.