ЈАПОНСКА КОНКУРЕНЦИЈА НА DISNEYLAND

„Супер Марио“ во забавен парк - нова атракција за сите фанови на играта

Цело тематско катче за љубителите на легендарната игра „Супер Марио“ е отворено во новиот голем забавен парк во Јапонија, кој се отвора како контра удар на познатиот „Disneyland”.

Извор: google

Цело тематско катче за љубителите на легендарната игра „Супер Марио“ е отворено во новиот голем забавен парк во Јапонија, кој се отвора како контра удар на познатиот „Disneyland”. Уникатниот свет на играта што компанијата „Nintendo“ ја создаде во 80-тите е вистински рај за фановите на овој италијански водоводџија.

Веќе на влезот во „Кралството на печурките“, гостите ги пречекуваат пирани, цели блокови со монети и за крај, големата планина со знаме, кое како и во играта, така и тука треба да се освои по совладување на сите препреки.

„Сакам луѓе од целиот свет да дојдат тука по завршувањето на пандемијата“, рече креаторот на играта на отворањето. Според менаџерот за маркетинг комуникации, гостите ќе научат што значи да се биде Супер Марио. Тие ќе се сретнат не само со пираните, туку и со главниот негативец на универзумот, Баузер.

Во авантурата на Супер Марио, играчите ќе може да возат кола и буквално да се чувствуваат како да ја оживуваат виртуелната игра, носејќи 3Д очила и пукајќи кон противниците.

Извор: google

Препознатливото скокање врз печурките станува стварност, како и собирањето парички, а сето тоа посетителите ќе може да го следат на нараквицата која ја добиваат во паркот која може да ја поврзат со смарт телефонот.

Отворањето на овој парк е одговор кон инвеститорите, кои беа фрустрирани од неподготвеноста на Nintendo за поагресивно комерцијализирање на потребите на својата фан база. “Super Nintendo world” сепак покажа дека може да излезе во пресрет на своите верни обожаватели и клиенти, па затоа успешно ја реализираше целата идеја, и покрај неколкукратното одложување поради пандемијата.

Паркот во моментов работи со намален капацитет и на гостите ќе им требаат временски билети за влез во паркот.