ПРЕГОВАРАЊЕ

„Microsoft“ нуди 10 милијарди долари за да ја купи гејмерската „Discord“

Американската софтверска корпорација „Microsoft Corp.“ е во преговори за купување на социјалната гејмерска мрежа „Discord“ за над 10 милијарди долари.

Извор: google

Американската софтверска корпорација „Microsoft Corp.“ е во преговори за купување на социјалната гејмерска мрежа „Discord“ за над 10 милијарди долари.

Наводно, „Discord“ разговара и со други потенцијални купувачи, но сè уште не е потпишан договор. Но, засега ниедна од страните ниту ги потврдува нит ги демантира информациите.

Главно, разговорите меѓу „Discord“ и „Microsoft “, досега биле околу проценката на интересот на компанијата.

Создадена 2015 година, социјалната мрежа „Discord“ е замислена како платформа за гејмери ​​и во мигов има над 100 милиони активни корисници месечно. „Discord“ е со седиште во Сан Франциско и е позната по својата бесплатна услуга што им овозможува на гејмерите да комуницираат преку видео, глас и текст додека уживаат со видео игрите, а луѓето заглавени дома за време на пандемијата сè повеќе ја користат оваа технологија за било какви виртуелни собири.

Порано, компанијата имала разговори и со Epic Games Inc. и Amazon.com Inc. околу евентуална продажба.