ИНИЦИЈАТИВА ЗА СПАС

Стимулација за авиотранспортот помеѓу lockdown-от и авионско патување

ЛОНДОН – Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт IATA ги повика владите во светот да ги стимулираат патувањата за да им помогнат на авиокомпаниите да се излечат од кризата предизвикана од пандемијата на вирусот корона, нагласувајќи дека на индустријата и се потребни дополнителни мерки за помош.

Извор: google

„Апелирам до владите да размислат за стимулативни мерки“, рече директорот на IATA, Александар де Жунијак.

Владите досега обезбедија 225 милијарди долари за авиокомпаниите во форма на директна помош, субвенции за плати, даночни олеснувања и заеми.
Де Жунијак додаде дека на авиокомпаниите не им се потребни дополнителни долгови.

„Субвенционираните билети можат да бидат еден од начините на кои државите можат да му помогнат на овој сектор“, изјави тој.