ПАД НА ПРИХОДИ

Будва и Херцег Нови мака мачат за да наплатат персонален данок на доход

На територијата на шест крајбрежни општини во Црна Гора, во периодот од минатата година, откако започна пандемијата со корона вирусот, се забележува намалување во наплатата на персонален данок на доход од 9,8 милиони евра или 21 процент, во споредба со 2019 година.

Извор: google

Имено, во периодот од март до крајот на декември минатата година во Бар, Будва, Херцег Нови, Котор, Тиват и Улцињ, од наплатата на персонален данок на доход се заработени вкупно 36,6 милиони евра, додека во компаративниот период од 2019 година, овој износ беше 46.4 милиони евра.

Ова се податоци добиени од Владата на Црна Гора преку Законот за слободен пристап до информации. Податоците укажуваат на силно влијание на епидемијата врз економската ситуација на земјата. Гледано индивидуално по општини, најголемиот пад е во Будва од близу 30 проценти, т.е. во првите десет месеци од минатата година, наплатата на персонален данок на доход изнесувала 8.2 милиони, а една година претходно била 11.7 милиони евра.

Кога станува збор за Подгорица и Никшиќ, како две водечки локални самоуправи во земјата се реализирал приближно ист износ на наплата на данок на личен доход.