ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Стравот од пандемијата ги натера граѓаните да плаќаат полиси за осигурување

Бројот на граѓани кои купиле полиси за здравствено осигурување во 2020-та година е пет пати поголем во споредба со 2019-та година.

Извор: pexels

Бројот на граѓани кои купиле полиси за здравствено осигурување во 2020-та година е пет пати поголем во споредба со 2019-та година. Официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) велат дека во 2020-та се исплатиле 4,45 милиони евра за овие полиси што претставува 45% повеќе од претходната година.

10 компании за неживотно осигурување лани продале полиси за здравствено осигурвање на 114.559 граѓани, што е за 93.161 осигуреник повеќе од 2019-та година кога полиси за здравствено осигурување имале 21.398 лица. На своите осигуреници, овие компании лани им исплатиле штети во вкупен бруто износ од 1,72 милиони евра врз основ на покритијата од полисите за здравствено осигурување.

Бруто износот на исплатени штети во споредба со 2019-та година е зголемен за 44 проценти.

Очигледно е дека големо влијание врз растот на продажбата на осигурителни полиси за здравствено осигурување има пандемијата предизвикана од вирусот COVID-19, но не се ни за потценување добрите политики на приватните компании кои купуваат полиси за своите вработени.

Сепак она на што граѓаните треба да внимаваат е изборот на осигурително друштво и дали тоа би ги покрило ризиците предизвикани од пандемии.