Vespa

Популарниот скутер Vespa слави 75-ти роденден со две ексклузивни изданија

Тешко е да се поверува, но тоа е вистина. “Vespa” го слави својот 75-ти роденден, а поради таа цел беше претставена и специјална едиција на 75-годишнината, која подразбира нови модели што ќе се продаваат само во текот на 2021 година, а се карактеризираat со неколку уникатни детали што ќе го разликуваат од стандардните варијанти.

Извор: unsplash

Тешко е да се поверува, но тоа е вистина. “Vespa” го слави својот 75-ти роденден, а поради таа цел беше претставена и специјална едиција на 75-годишнината, која подразбира нови модели што ќе се продаваат само во текот на 2021 година, а се карактеризираat со неколку уникатни детали што ќе го разликуваат од стандардните варијанти.

Првите патенти на “Vespa” беа лансирани на 23 април 1946 година, од кога поминаа 75 години од производството на првиот скутер на италијанската компанија “Piaggio & C. SpA “. Во тој период и сиот потоа, Vespa стана култно средство за транспорт низ целиот свет.

Извор: google

И жени и мажи, и млади и стари, сите подеднакво ја сакаа популарната Vespa, која стана симбол на стил, технологија и иновативен дух. Исто така, постојат навистина големи фанатици кои ден денес поминуваат сериозни дистанци за да патуваат низ целиот свет со својот мотор.

Затоа Vespa заслужи да добие нова верзија, напредна технологија од првата варијанта што ќе остане забележана. Моделите Primavera и GTS ќе имаат металик жолта боја. Бојата е дизајнирана специјално за оваа пригода и има за цел да потсети на минатото и педесеттите години од минатиот век. На предните и задните браници има натпис број 75, исто така напишан во златна боја, кој се разликува од основната боја за неколку нијанси.

Извор: google

Ексклузивната задна торба на преклопната решетка за багаж е потсетување на времето кога резервните гуми сè уште се носеа со мотрциклите. Торбата е практична, има прицврстувач за брзо ослободување од куќиштето и содржи покривка за дожд. Секако, новиот мотор ќе може и да го поврзете со вашите смарт телефони.

Секој купувач на роденденската Vespa, добива специјален беџ, специјална брошура по повод годишнината со слики со мотиви од осум децении на Vespa и свилена шамија. Цените во Германија започнуваат од 4.350 евра за Primavera 50 75th и завршуваат со 7.370 евра за Vespa GTS 300 Supertech 75th.