Автомобил на полица

„Lidl“ започнува со продажба на автомобили по ниски цени

Ланецот супермаркети „Lidl“ неодамна објави дека започнува и со продажба на автомобили во Германија по намалени цени. Во 2016 година, “Lidl” го продаде Fiat 500 за рекордно време, а сега се обидува да спроведе експеримент со три други модели, но засега само на германскиот пазар.

Извор: google

Овие автомобили се нудат преку 48-месечен лизинг. За оваа комерцијална операција, „Lidl“ соработува со компанијата за изнајмување автомобили „Sixt“.
Вкупно се нудат три модели на автомобили.

Првиот е “Renault Twingo”, кој се продава за само 99 евра месечно. Втор е „Renault Clio 5“, кој се нуди по цена од 109 евра месечно, додека трет е crossover-от „Kia Stonic“ по цена од 135 евра месечно.

Извор: google

Иако првите два автомобили на “Renault” се помалку опремени, Kia Stonic” нуди Vision опрема што подразбира 17-инчни алуминиумски тркала, Apple CarPlay, Android Auto итн.

Покрај тоа, “Lidl” нуди услуги како што се испорака на возилоto, договор за одржување од 20,80 евра месечно, па дури и осигурување.

Може да се претпостави дека купопродажба на автомобили преку “Lidl” подоцна ќе се прошири и во другите европски земји, па веројатно и кај нас со оглед дека е најавено отворање на продавници од овој ланец на супермаркети.

Видео…