Извор: unsplash
Растот на „Facebook“ доаѓа токму од земјите во развој, па затоа компанијата на најпознатите социјални медиуми на дешеницата направи уште еден клучен потег во грижата кон корисниците. По скоро три години планирање, “Facebook” официјално ја лансира Instagram Lite, верзија на нејзината популарна апликација за фотографии и видеа.
Aпликацијата е создадена со цел да обезбеди пристап до услугата во земји кои имаат ограничен или послаба конекција на Интернет, како и за уреди со најосновни или послаби перформанси. Instagram минатата година ја укина претходната верзија на својата апликација „Lite“, а компанијата потоа истакна дека работи на нова верзија.
Новиот Instagram Lite зафаќа само 2 MB простор што се постигна со значително намалување на API, отстранување на одредени графики и транзиции, како и недостаток на некои функции, како шопинг, реклами и поддршка на видеа на IGTV. Корисниците имаат пристап до функциите на Reels и „stories“, како и испраќање пораки и пребарувања.
Компанијата потврди дека развива темна тема за Instagram Lite која треба да стане достапна во следните недели.
Извор: DigitalInformationWorld
„Instagram понуди светски уникатен предизвик, па затоа го испорачуваме истото искуство, но под малку поразлични ограничувања. Филозофијата е навистина дека сакаме да им го донесеме целиот Инстаграм на овие корисници во ете, помала варијанта“, рече менаџерот за развој на производи на компанијата.
Facebook проценува дека 65% од популацијата на новите пазари се вклучени онлајн наспроти 90% во Северна Америка, што е една од причините што компанијата се фокусира толку многу на услугите на тие корисници: тие претставуваат раст во време кога растот е забавен, и со тоа стануваат значителни конкуренти на позрелите пазари како САД и Европа.
Напредокот на Facebook да лансира нова верзија на Instagram Lite говори за забележителни трендови во самата компанија, говори за визија на приближување кон технологијата во иднина и говори за важноста на паритетот на карактеристиките помеѓу целосните и Lite верзиите на нејзините водечки апликации.