Smartphones

Поради санкциите од САД, гигантот го губи пазарниот удел во Кина

Новите истражувања покажуваат дека во јануари, кинеската компанија „Oppo“ поседувала 21 процент од пазарот во Кина на паметни телефони и со тоа се најде на врвот на листата пред Vivo, кој заземал 20 проценти од пазарот, додека Apple, Huawei и Xiaomi имале пазарен удел од 16%.

Извор: oppo

Новите истражувања покажуваат дека во јануари, кинеската компанија „Oppo“ поседувала 21 процент од пазарот во Кина на паметни телефони и со тоа се најде на врвот на листата пред Vivo, кој заземал 20 проценти од пазарот, додека Apple, Huawei и Xiaomi имале пазарен удел од 16%.

Продажбата нa смарт телефони која ја остварува компанијата „Oppo” порасна за 26 отсто во однос на минатата година, односно за 33 отсто во однос на минатиот месец. Новата серија Reno 5 имаше голем успех бидејќи понуди подобри перформанси по пониски цени во однос на претходната серија Reno 4.

Подемот на компанијата „Оppо“ е директен резултат на проблемите со кои се соочуваат конкурентите, oсобено Huawei, кој одамна е лидер на локалниот пазар. Huawei и Honor продолжуваат да го губат уделот на пазарот во своите матични земји поради тешкотии во набавката на компоненти како резултат на санкциите на САД.

Компанијата „Huawei“ троши залихи на клучни компоненти и баш поради санкциите, не може да набави нови делови што ќе се користат за 5G паметни телефони. А во исто време, повеќе од 65% од продадените телефони во Кина во последниот квартал од минатата година поддржаа 5G.

Huawei го компензира ова со фокусирање на премиум моделите, кои исто така имаат поголеми маржи, но тој потег остава јаз во средниот опсег на комерцијални продукти.
Искористувајќи ја таа предност на ограничена достапност со која се соочува Huawei, кинеските дистрибутери се свртеа кон други брендови за да го задоволат пазарот. Хуавеи го продаде Honor, што исто така резултираше со намалување на уделот на пазарот, бидејќи овој бренд сега се смета за конкурент.

Присуството на пазарот на Huawei во нејзината матична земја продолжува да опаѓа оваа година, што дефинитивно ќе им помогне на конкурентите. Останува да се види дали ќе има промена во ставот на САД со доаѓањето на новата администрација, а со тоа да се решат и потешкотиите со кои се соочува гигант како Huawei.