Извор: google
Ако има нешто по што е познат Apple, тоа е дефинитивно квалитетниот дизајн. Но, понекогаш, дури и најдоброто од Калифорнија може да изгледа навистина лошо… дури и многу погрешно. Дел од дизајните на продуктите на компанијата со текот на годините беа далеку од совршени. Но, има особено еден производ на Apple, за кој обожавателите и по пет години од лансирањето, сè уште му се лути на Apple. Една грешка која тешко се простува.
Волшебниот маус (второто издание) има типично елегантен изглед како за Apple; се согласуваме дека се работи за солидна опција за компјутерски мауси, и сето тоа е во ред… сè додека не треба да почнете да го полните. Приклучокот за полнење се наоѓа од долната страна на маусот, што го прави целосно неупотреблив додека се полни.
Ваквиот дизајн на маусот не е ажуриран и променет од неговото објавување во 2015 година, па затоа не поминува ден без да бидат објавени лути и луди твитови за тоа. Многумина шпекулираат за тоа што довело до оваа бизарна одлука на Apple за портот / влезот за полнење да се постави на дното на глувчето.
Извор: unsplash
За едни корисници, ова е направено со цел да не се наруши дизајнерската естетика одозгора, која навистина е примамлива за око, додека пак други ќе кажат дека Apple вложиле минимален можен напор да го заменат делот за батерии од првата верзија на маусот со порт во втората – едноставно без многу размислување, решиле да го тргнат делот со батерии и да постават дел за полнење, без многу да ги боли глава како тоа ќе се одрази на користењето.
Батерии за безжичен маус се чини дека е подобра варијанта за корисниците отколку маус на полнење, за кој мора да прифатите дека е непрактично било како да работите со него додека се полни. Зартреба во воздух да го држите маусот додека се полни? Сепак, она што преостанува при овој случај е само да се молите побрзо да се наполни.
Доколку се одлучите да го пребарувате на интернет „најлошиот дизајн на Apple“, тогаш на Твитер ќе ве дочекаат безброј фотографии на овие таканаречени магични безжични мауси на Apple.