Андроид

Наскоро ќе можете да закажете време кога да се испрати СМС пораката на мобилен

Нова верзија на Андроид се очекува да се лансира на пазарот на мобилни телефони во август оваа година. Дали идејата за закажување на СМС пораки ќе стане стварност, останува да видиме.

Извор: google

Нова верзија на Андроид се очекува да се лансира на пазарот на мобилни телефони во август оваа година. Дали идејата за закажување на СМС пораки ќе стане стварност, останува да видиме. Имајќи ja предвид брзината на напредок на технологијата, нема да нè чуди оваа опција да стане достапна и порано од август.

Минатата недела, Google ја претстави првата „preview“ верзија на оперативниот систем Андроид 12, наменета за програмерите, чија прва бета верзија се очекува во текот на август годинава.

Меѓу информациите што овие денови можеа да се слушнат е и онаа што се однесува на новиот начин на кој би се испраќале СМС пораки во рамките на овој мобилен софтвер.

Тоа е таканаречено „закажано испраќање на пораки“, нова опција што ќе им помогне на сите оние кои треба да им пишуваат на пријатели или роднини кои живеат во други временски зони. Па така, во случај да не заборавиме да испратиме порака, ќе може да си закажеме време кога таа да се испрати.

Опцијата, како што може да претпоставите, ќе биде лесна за употреба, бидејќи корисникот ќе може или да ја испрати писмената порака, при притискање на „Send“и тоа веднаш или по ново, да ја избере опцијата за закажување на времето кога таа порака треба да биде испратена.