Извор: google
Британскиот весник „Гардијан“ несакајќи ги подгреа сомнежите на голем број теории на заговор со напис кој сугерира дека е потребен глобален “локдаун” на секои две години за да се исполнат целите на Парискиот климатски договор. Насловот на статијата беше брзо променет, но сепак предизвика бурни реакции и сомнежи во целта на светската здравствена и економска криза.
Ако емисиите на јаглерод диоксид не паднат до ниво, кое се бележеше за време на карантините во светот, тогаш Земјата ќе се загрее до апокалиптичен степен – предупредува тим на истражувачи од Универзитетот во Источна Англија.
Оваа студија очигледно ги поттикна климатските фанатици, вработени во британскиот весник “The Guardian”, да објават текст во кој потенцираат дека само со карантини на секои две години, би се имало резултат во намалување на загадувањето наредната деценија.
По ваквата идеја, следуваше критика кон весникот дека сее страв меѓу, и така исплашените, луѓе од пандемијата. Од таа причина, новинарите го променија насловот , иако за многумина остана како сомнеж во теориите на заговор, а не апел за спас на планетата.
Извор: nasa
Истражувачите на климатските промени инсистират на тоа дека грижата за природата треба да е од врвен приоритет за секоја државна власт.
„Секоја стратегија и план на секоја влада мора да бидат во согласност со борбата против климатските промени“.
Без разлика на постоење локдаун или не, властите треба свесно да поттикнуваат „активен транспорт“ (пешачење и возење велосипед), како и употреба на јавен превоз, а не секој во своето приватно возило. Овие истражувачи ја гледаат ситуацијата како доста загрижувачка, повикувајќи ги државите да престанат да користат фосилни горива и да се префрлат на обновливи извори на енергија.