Потрошувачка информација

Заборавете на знаците за штедливост A+++ , еве што се менува од 1-ви март?

Секое домаќинство може да заштеди 500 евра. Повеќето апарати за домаќинство досега имаа ознака А, поделена на низа други од А+ до А+++, поради што клиентите често се збунети.

Извор: google

Секое домаќинство може да заштеди 500 евра. Повеќето апарати за домаќинство досега имаа ознака А, поделена на низа други од А+ до А+++, поради што клиентите често се збунети.

Низ цела Европа, некои електронски уреди, вклучително и повеќето типови на апарати за домаќинство, ќе носат нова, подобрена енергетска ознака, која има за цел да го олесни споредувањето на енергетската ефикасност, а со тоа и изборот на уредот од страна на купецот.

Ако досега купувавте електронски апарти со ознака А+++ како степен на неговата енергетска ефикасност, од сега истата ќе ја носи ознаката Б од 1 март. Ова, сепак, не значи дека вашиот телевизор, машина за перење или миксер ќе „проголта“ повеќе киловати преку ноќ.

Отсега ќе можеме полесно да ја споредиме ефикасноста на самите уреди. И затоа изберете го “правилното”, што е поекономично.

Што е ново?
Имено, од март, Европската унија воведе нови и, наводно, подобрени енергетски ознаки (оценки) за апарати за домаќинство, препознатливи по нивните бои, од темно зелена, што означува најмалку трошна, до црвена, што претставува уреди со најниска енергетска ефикасност. Ознаките и боите на скалата остануваат, но нивниот опсег всушност се намалува. Кратко објаснување:

„Денес, повеќето производи на пазарот се во првите три енергетски класи, бидејќи уредите стануваат сè поефикасни во енергијата. Затоа, најважната промена е ревидираниот систем за оценување, кој ќе се движи од А до Г. Повеќе нема да има плус додатоци (на пример, А+++), што ќе ја направи етикетата поедноставна и полесна за разбирање. Уред што моментално има класификација А+++ би можел да добие рејтинг Б според новата скала на енергетска ефикасност. Ова не значи дека уредот одеднаш е помалку енергетски ефикасен. Тоа само значи дека производот е оценет во нова скала, што им го олеснува на потрошувачите да изберат оној што им одговара и ги мотивира производителите да станат подобри. Другите важни подобрувања вклучуваат: QR-код што ќе доведе до дополнителни и детални информации за производот, дизајн на целата ознака и модифицирани, поинтуитивни пиктограми“, тоа е објавено преку меѓународниот проект финансиран од Европската комисија преку програмата Хоризонт 2020 и координиран од австриската агенција за енергија за 16 членки на ЕУ. Целта на Labela2020 е да им обезбеди на потрошувачите ефективни информации за нови енергетски етикети за апарати за домаќинство, а од истите информации ќе имаат корист дистрибутерите и производителите.

Извор: google

Од кога постои Енергетското означување на електричните уреди?
Постои од 1994 година, помагајќи им на потрошувачите
Од воведувањето на пазарот во 1994 година, енергетската ознака е една од најуспешните иницијативи на Европската унија за потрошувачите, помагајќи им да изберат енергетски ефикасни производи, давајќи важен придонес кон постигнувањето на енергетските и климатските цели на ЕУ. Во текот на последните 25 години, енергетската ознака на ЕУ постигна голем успех помагајќи им на потрошувачите да ги споредат и изберат вистинските производи.
Затоа, од 1-ви Март сите ладилници, замрзнувачи, машини за перење, комбинирани машини за перење и сушење, машини за миење садови, телевизии и електронски екрани ќе носат етикети со нова ревидирана етикета за енергија, а од 1 септември 2021 година извори на светлина, односно ламби. , сијалиците и слично ќе имаат такви нови ознаки. Сите други групи производи ќе добијат нова енергетска ознака најдоцна до 2030 година.

Што е негативно?
Нашите ланци за бела техника Нептун, Сетек, Техномаркет и други не се трудат да го едуцираат својот продажен кадар односно вработените да им ги објаснуваат сите карактеристики и промени на своите муштерии за апаратите кои ги продаваат. Односно многу мал процент од вработените се доволно стимулирани да бидат 100% вклучени на работното место и да ги едуцираат купувачите на што треба да обрнат внимание при купување.

Бонус видео…