Евровизија

Цела Европа е повторно обединета на евровизиската сцена под строги правила

„Избор за песна на Евровизија“ – 41 земја од цела Европа се повторно на сцената, но овојпат под строги здравствени мерки. Европската унија за радиодифузија, заедно со холандскиот јавен сервис и организаторите на „Евровизија“ објави детален здравствен и безбедносен протокол за претстојниот натпревар во Ротердам кој ќе се одржи од 18-ти до 22-ри мај годинава.

Извор: eurovisionworld

„Избор за песна на Евровизија“ – 41 земја од цела Европа се повторно на сцената, но овојпат под строги здравствени мерки. Европската унија за радиодифузија, заедно со холандскиот јавен сервис и организаторите на „Евровизија“ објави детален здравствен и безбедносен протокол за претстојниот натпревар во Ротердам кој ќе се одржи од 18-ти до 22-ри мај годинава.

Сите акредитирани лица ќе мора строго да ги следат сите протоколи за да можат да присуствуваат или да учествуваат на натпреварот. Сите мерки се исто така во согласност со правилата на холандскиот национален институт за јавно здравје.
„Духот и традицијата на Евровизија се однесува на обединување на Европа на една сцена, и ние сме многу посветени на тоа да го постигнеме во мај во Ротердам. Продолжуваме со плановите да организираме безбеден настан и овој протокол е показател за нашата посветеност да го одржиме натпреварот“, рече Мартин Остердал, еден од менаџерите на „Евровизија“.

На сите гости од странство им се препорачува да одат во карантин 5 дена пред патувањето во Холандија, а пред да се качат на авион, ќе треба да приложат негативен тест за Covid 19, не постар од 72 часа. Во Холандија, сите делегации ќе мора да престојуваат во своите хотели, освен кога одат на проби, на полуфиналињата и финалето, како и на други сродни програми. Секој што работи во арената „Ахој“, вклучително персоналот, уметниците и новинарите, редовно ќе бидат тестирани во посебен оддел во салата.

Минатиот месец беше одлучено дека вообичаениот начин на организирање на натпреварот нема да биде можен поради сегашните околности, но дека организаторите се решени 65-то издание на најголемиот музички настан во светот да се одржи под т.н. „сценарио Б“. Ако околностите се променат во следните недели, сите активности може дополнително да се намалат. Според овогодишното сценарио, бројот на луѓе во делегациите ќе биде помал од претходните години, а бројот на новинари кои ќе можат да присуствуваат на настанот ќе биде ограничен на 500, додека други 1.000 ќе можат да го покриваат настанот од новиот онлајн центар за медиуми.

Бонус видео…