Извор: pexels
Корисниците на Google Maps и Android Auto наскоро може да очекуваат нови корисни опции.
За почеток, Google Maps за Android конечно ќе добие „Dark mode“. Оваа опција е тестирана во април минатата година и е значително различна од моментално достапниот „Ноќен режим“. За да го пронајдете „Dark mode“, ќе треба да ги отворите сетинзите на апликацијата и да погледнете во делот Themes.
Кога станува збор за Android Auto, возачите додека се возат и го користат, ќе можат да играат неколку нови видео игри како “Trivia Crack”, “Jeopardy!”, “Song quiz” или “Are you feeling lucky”. Само треба да се вклучи Google assistant и да му се каже ‘Hey Google, play a game’. Покрај ова, постои можност за поделба на екранот, каде што Google Maps стои покрај контролата за мултимедија, како и иконки на почетната страница на апликацијата Android Auto, кои овозможуваат брз пристап до термостатот или временската прогноза.
Новите функции за Android Auto ќе бидат достапни за секој со Android 6.0 или понова верзија, додека темниот режим за Google Maps се вели дека ќе дојде „наскоро“.