Нетранспарентноста на Халк банка

Зошто Халк банка нема истакнато каматна стапка за кредитните картички?

Случајна грешка или политика на големата турска банка? Објавувањето и временото ажурирање на каматната стапка за кредитните картички на веб страната на банката во насока на подобро информирање на клиентите е важна ставка во транспарентноста на секоја институција.

Извор: unsplash

Објавувањето и временото ажурирање на каматната стапка за кредитните картички на веб страната на банката во насока на подобро информирање на клиентите е важна ставка во транспарентноста на секоја институција.
Како на Халк Банка тоа може да и се случи, човечка грешка или политика на банката?

Денешното динамично темпо на живот ја наметнува потребата на клиентите за брзо информирање за производите на банките преку нивните веб страници. Ова ги принудува банките на поголема транспарентност за објавување и континуирано ажурирање на податоците за каматните стапки, трошоците и провизиите за производите и услугите кои ги нудат. На овој начин клиентите можат да го изберат најповолниот производ за нив без посета и чекање на редици во експозитурите на банките. Посебно во овие денови кога мерките за претпазливост заради корона вирусот и COVID-19 се во полн ек.

Извор: архива

Што е важно за потрошувачот?
Јавното објавување на каматните стапки и другите надоместоци поврзани со кредитните картички е особено важно, со оглед на тоа дека тие се главни критериуми при донесување на одлука на клиентот од која банка да избере кредитна картичка. Кај поголем дел од банките може да се сретне и on-line апликација за кредитна картичка, но истото не би било практично применливо доколку банката ја нема објавено каматната стапка. Ваков случај моментално може да се забележи кај Халк Банка АД Скопје. Па се наметнува прашањето: Кој затаил? Зошто не е истакната? Дали банката на овој начин губи на реномето и имиџот кај потрошувачот? Да ли е грешка на поединец, маркетинг агенцијата или е политика на банката?… итн итн.

Оттука, се поставува прашањето: Како клиентот би аплицирал on-line, а да не е запознаен со сите трошоци на производот за кој аплицира?
Имено, каматните стапки на кредитните картички се променливи, што е секако и наведено и водоговорите на банките, но ова не го менува ставот дека треба банката јасно и транспарентно да јаобјави моменталната стапка на својата веб страна. При секоја промена на каматата, клиентот треба навремено да биде информиран за промената преку месечниот извештај како и со поставување на новата каматна стапка на веб страната за информирање на сите постоечки и идни клиенти на банката.
Покрај каматната стапка на веб страните јавно треба да бидат објавени и информации за: максималниот лимит што може да биде одобрен, трошокот за апликација, за членарина и другитрошоци како и начинот на обезбедување. Сите овие информации би им помогнале на клиентите на брз и едноставен начин, со заштеда на време да донесат одлука при изборот на најповолна картичка за нив.
Се надеваме дека Халк Банка во иднина ќе се погрижи за нивно времено ажурирање и поголема транспарентност кон потрошувачите бидејќи ВАЖНИ СЕ ЛУЃЕТО, нели? Посебно во време на Covid 19.
А до тогаш ни преостанува да мечтаеме и замислуваме колкава е каматата на кредитната картичка во Халк Банка?