СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА

Основните трошоци на едно семејство во март зголемени за 122 денари

Сојузот на синдикати на Македонија ја изработи синдикалната кошничка според чии податоци за 122 денари се зголемиле основните трошоци на едно четиричлено семејство во март во однос на јануари годинава, а за 70 денари во однос на февруари.

Извор: google

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство, според пресметките на ССМ, во март изнесувале 33.772 денари. Од нив, речиси 42 проценти одат за храна и пијалоци, 32 проценти за подмирување на режиските трошоци, 7,4 проценти за превоз, 7,2 проценти за хигиена и 6,2 проценти за облека и обувки.

Останатото е за здравствени услуги и за културни активности.
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство не можат да се покријат со просечно исплатената плата во земјава.

Така, во јануари според објавените податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата изнесувала 28.272 денари, додека вредноста на синдикалната кошничка за истиот месец е 33.650 денари, односно минималните трошоци на едно четиричлено семејство биле повисоки за 5.378 денари од просечната плата.

Бонус видео…