МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО и ВОДОСТОПАНСТВО

Омиленото сезонско овошје најскапо се продава во овој град

Гаснете ја жедта и освежете се во летните денови токму со праските, кои не само што се вкусни и сочни туку се и извор на здравје. Праските се одлична храна доколку слабеете или посакувате да симнете некој килограм. Со консумирањето на ова овошје ќе бидете сити и нема да посегнувате по повеќе храна. Една праска содржи од 30 до 50 калории и нула маснотии.

Извор: google

Гаснете ја жедта и освежете се во летните денови токму со праските, кои не само што се вкусни и сочни туку се и извор на здравје.

Праските се одлична храна доколку слабеете или посакувате да симнете некој килограм. Со консумирањето на ова овошје ќе бидете сити и нема да посегнувате по повеќе храна. Една праска содржи од 30 до 50 калории и нула маснотии.

Во праските ги има витамините А и Ц кои се добри за вашата кожа, па на плажа може да си понесете по некоја пракса како би се освежиле, како вашата кожа би останала здрава и вашиот тен би ја добил посакуваната боја.

Сепак, и ова лето, цената на праските по килограм варираат од град во град, од пазар до пазар, од маркет до маркет.

Најевтино кило праски може да купите на зелените пазари во Гевгелија, каде во јули се продавале по просечна цена од 47,5 денари по kg. Нешто поскапо чинеле во Кавадарци, а во Гази Баба Скопје, Крива Паланка и Велес кило праски во јули се продавало по просечна цена од 60 денари.

Следуваат Кичево, Неготино, Гостивар, па Штип и Струга со 70 денари по килограм. Ако лубениците беа најскапи во Охрид, праските во Охрид не се продаваат најскапо во Македонија. 1 кг во пикот на летото во Охрид чини 70 денари во просек, но најскапо ова овошје може да се најде на пазарот на мало во Битола и тоа по цена од 82 денари.