Заборавена обврска

Триглав Осигурување и нивната општествена одговорност се претвори во дебакл

Прашање на наш сограѓанин од населбата Аеродром, врзано за рекламната инсталација на Триглав осигу…

Извор: facebook

Прашање на наш сограѓанин од населбата Аеродром, врзано за рекламната инсталација на „Триглав Осигурување“ чија основна намена е да прочистува воздух – Дали рекламните кампањи на Триглав се само театар за општествена одговорност или не?

Дали лимениот столб наречен City Tree на компанијата „Триглав Осигурување“ во општина Аеродром е уште едно искористување на јавниот простор за рекламна намена? Сè почесто фирмите преку ваков тип на проекти за многу евтини пари добиваат рекламен градски билборд.

Очигледно е дека никој во „Триглав“ не им објаснил дека ваквите проекти треба да се контролираат од време на време за да бидат функционални. Имено МОВОТ која треба да прочистува воздух е сув и неупотреблив веќе втора година, па оттаму го прашуваме Ѓорѓе Воиновиќ, генералниот директор на Триглав Осигурување: Дали го осигурале мовот од сушење и дали имаат план Б?

Свесен ли е Ѓорѓе дека за такви проекти некој треба долгорочно да се грижи? Доколку не, отстранете го тој лимен столб кој нема никаква намена освен рекламирање на Триглав како опшествено НЕодговорна компанија. Побогу, им пречи на пешаците. Да не го спомнуваме фактот дека „Триглав Осигурување“ доаѓа од Словенија, земја пример во регионот и светот за грижа за природата и зелената застапеност на истата. Знаат ли во централата во Словенија колку пари е платено ова чудо, во каква состојба е и каков ефект е постигнат со оваа општествена НЕодговорност?

Известена ли е централата во Љубљана?