„ДОБРОВОЛНА“ ОСТАВКА ИЛИ?

Синот на Глигор Бишев поднесе оставка во Народна Банка на РСМ

Во текстот објавен на 24 Февруари 2021 година на нашиот сајт КОНКУРЕНЦИЈА.МК под наслов „Кој директор на банка мисли дека синот треба да го „учи“ занаетот на државна сметка во НБРСМ? Од кал да е, банкар да е“ во рубриката „Мојата етика е огледало на мојата кариера“ ја потсетивме Народна Банка на РСМ и гувернерката Бежовска за нивниот/нејзиниот пропуст како институција и гувернер, а воедно ја информиравме јавноста за директен судир на интерес со вработување на близок роднина (читај син) на генералниот директор на Шпаркасе банка АД Скопје.

Извор: google

Нашите завршни зборови во тој текст објавен на 24 Февруари 2021 година, гласеа вака:

„Само ретките професионалци во браншата поседуваат вродени квалитети и норми на едно повисоко ниво. Ретки се раководителите кои преку личните примери покажуваат висока персонификација на стандард, на квалитет, и во својата компанија и општеството служат како пример за сите, нешто што кај денешните раководители сè поретко постои“.

На јавноста и препуштаме да заклучи каков етички кодекс и морални вредности поседува горенаведениот директор на чело на реномираната Шпаркасе Банка АД Скопје член на Шпаркасе групацијата.

Редакцијата на КОНКУРЕНЦИЈА.МК упатува голема благодарност до Гувернерката Бежовска за (не така брзата ефикасност од цели 8 месеци) крајниот исход кој резултираше со доброволна оставка од страна на вработеното лице кое предизвикуваше конфликт на интерес според светските закони и стандарди за финансиско и банкарско работење.

Исто така со заминувањето на синот, благодарејќи на неговото работно време и искуство поминато во НБРСМ замина и службеничка која во меѓувреме стана снаа на директорот Бишев. Па земајќи го во предвид овој факт, можете да замислите колку работно и корисно го искористиле времето во државната институција како што е НБРСМ.

Воедно ја информираме јавноста дека Невладиното Здружение „Алтруист“ преку нашиот веб портал КОНКУРЕНЦИЈА.МК е само и само на страна на законот, секогаш на страна на обесправените, а со посебен акцент на обесправените студенти од Економскиот факултет Скопје при УКИМ кои не добиваат еднаква шанса за работа во државните институции како НБРСМ и банкарско-корпоративниот сектор.

На Емил Бишев му посакуваме долга и успешна кариера во животот.