ГРАДЕЖНИШТВО БЕЗ ДИПЛОМА

Како да ги наречеме „урбаните проектанти“ на оваа „убавина“

Фотографија од изградба на станбени згради во населба Капиштец, Скопје ги “зовре” социјалните мрежи. Новинарот Ивор Мицковски сподели фотографија на која се гледа како на ул. Козара зградите се буквално залепени една до друга.

Извор: facebook

“Во Капиштец во радиус од 200 метри во исто време се градат 7 згради. Само така може да се добие ваква дистописка слика.” – напиша новинарот на социјалните мрежи, по што следеа низа реакции од граѓаните.

Многу од граѓаните сметаат дека поради ваквото “градежно лудило”, доаѓаат и повисоки сметки за смет, други прашуваат каде би се поставиле климите на ваква залепена зграда, трети се жалат на прашина и песок во големи количини во овој реон, но има и такви кои се шегуваат дека бар во случај на силен земјотрес, зградите ќе може да се потпрат една на друга.