РЕК

Ценовен шок за граѓаните - од полноќ ќе точиме многу поскапо гориво

Литар бензин по 75 и 73 денари. Дизел со голем скок на 63,5 денари за литар. Граѓаните ги чека нов ценовен шок веќе од полноќ. Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто.

Извор: google

Литар бензин по 75 и 73 денари. Дизел со голем скок на 63,5 денари за литар. Граѓаните ги чека нов ценовен шок веќе од полноќ.

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува по 63,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 73, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 75 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,101 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,981 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар.