Златната Југословенска таблета

caffetin® - Производот на способните иноватори од Југословенската ера е најдоброто наследство за денешните акционери во Алкалоид

Како денес Алкалоид го користи брендот Caffetin® во своја полза? Дали новите производи се „шлепаат“ на стара слава, благодарение на југословенскиот квалитет? Дали новите производи од гамата на caffetin® би се продавале со ист интензитет, доколку во нивното име не би било искористено и вметнато „ЗЛАТНОТО ЛОГО“? Зошто во последните 30 години Алкалоид не создаде нов силен бренд рамен на Caffetin®?

Извор: afya pharmacy

Како денес Алкалоид го користи брендот Caffetin® во своја полза? Дали новите производи се „шлепаат“ на стара слава, благодарение на југословенскиот квалитет? Дали новите производи од гамата на caffetin® би се продавале со ист интензитет, доколку во нивното име не би било искористено и вметнато „ЗЛАТНОТО ЛОГО“? Зошто во последните 30 години Алкалоид не создаде нов силен бренд рамен на Caffetin®?

Caffetin®, како бренд, е најпознат од понудата на Алкалоид, со децении се покажа како најисплатлив за компанијата, односно најпрофитабилен. Фармацевтски производ кој без голема маркетинг инвестиција, ја користи старата слава на моќниот бренд, кој беше создаден од добрите стари мајстори за време на еден квалитетен систем, каков што беше за време на некогашната Југославија.
ЗЛАТНОТО ЛОГО многу помогна во воведувањето на други молекули, кои по состав се поразлични од основната формула, но користејќи го добро познатото лого на Caffetin® новите членови во фамилијата се здобија со предност и моментална доминација пред конкуренцијата, особено во сегменти каде имало минимално или воопшто не бил присутен на пазарот, што лесно донесува дополнителен профит на компанијата.

caffetin® историја:
Започнувајќи од 1957 година, повеќе од 50 години, Caffetin® е синоним за успешно справување со болката (аналгетски ефект), без оглед на причината поради која настанала конкретната болка. Состојките во caffetin® (парацетамол, пропифеназон, кодеин фосфат и кофеин) за само 15-тина минути ја смируваат болката. Caffetin® во својата долга историја, е пласиран во многу земји, со преку 10 милијарди продадени таблети. Но, современите трендови во фармацевтската индустрија, во сегментот на справување со симптомите на настинка и грип, пласираа дозажна форма во облик на лесно растворлив прашок, кој покрај аналгетскиот ефект, поседува и други дејства, во прв ред намалување на покачената телесна температура (антипиретско дејство), како и намалување на секрецијата од носот (назална деконгестија), справување со сувата кашлица (антитусично дејство), а секако присутни се и витамините.

caffetin® и новите производи кои го користат „ЗЛАТНОТО ЛОГО“
caffetin COLD ® за настинки
После (каква-таква) приватизацијата на компанијата Алкалоид АД, очигледно, профитот е најбитен двигател при селекцијата и развојот на нов лек, па согласно истражувањата на пазарот, и „колачот“ во наведениот сегмент. Алкалоид АД, го лансираше Caffetin COLD ® , како екстензија на брендот Caffetin® (со веќе докажана доверба од милиони корисници), а како предизвик за присутните препарати за ублажување на симптомите на грип и настинка.
caffetin menstrual за менструална болка
Следната екстензија на брендот Caffetin® беше во насока на ублажување на менструалната болка, односно промовирањето на Caffetin® menstrual како аналгетик за жените, кој делува за 15 до 20 минути.
Да ги спомнеме и caffetin® КОЛД МАКС во прашок пакувани во кесички, со вкус на лимон и caffetin® КОЛД ПЛУС со природен витамин Ц.

Вакавата екстензијата на брендот caffetin® е направена врз основа на искористувањето на перцепцијата и довербата од потрошувачите, а во насока на конкуренција на веќе присутните производи за истата намена или поинаку кажано, другите фармацевтски компании го *пробија ледот*, а некој друг го собира „кајмакот“. Покрај ваквото искористување на логото на лекот во златната фолија од страна на денешните менаџери и паметното мамење на потрошувачите, исто така е од голема помош во однос на конкуренцијата.
Имено, зголемувањето на фамилијата препарати caffetin® е одличен пример за успешно совладување на конкуренцијата и вродува со плод во позиционирање на високо место во конкретниот сегмент. И така искористувајќи го наследеното златно лого, Алкалоид АД добива уште еден силен адут на полиците во аптеките во бившите југословенски пазари, кој за многу кратко време и многу малку пари од маркетиншка гледна точка заносно профитира. Ваквата пракса исто така не е изум на денешните менаџери, туку само copy-paste практика од големите корпорации. Интересно е дека разграничувањето на новите производи, според својата регистрирана намена и употреба, не креира никаква конкурентност во фамилијата на caffetin® , туку само го користат „ЗЛАТНОТО ЛОГО“ за полесно позиционирање на пазарот. Освен искористеното лого, сите три препарати немаат ништо заедничко освен што делуваат аналгетски. Истите тие производи се со тотално различни активни супстанци, трите производи кои делуваат на различни системи и рецептори во организмот, со крајна цел ублажување на болката.

Да се надеваме дека наскоро ќе се појави некој нов потенцијален производ во понудата на Алкалоид АД со потенцијал, ентузијазам и визија близок на златното апче. А до тогаш: Да живее Југославија. Да живее приватизацијата. Да живее caffetin.