АНАЛИЗА НА ПРОИЗВОД

Кои ланци на супермаркети, преку цената, го поддржуваат безбедниот секс?

Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е инфо…

Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.

Тимот на sporedi.me продолжува со анализите на производите во маркетите. Интересна е ценовната политика во маркетите Рамстор и Тинекс каде што цената на презервативите е со највисока цена од 129 мкд.

Добивате впечаток дека производот го купувате во sexy shop кој егзистира само од продажба на секси играчки, а не и кондиторски производи за широка примена.
Со оглед на тоа што заштитениот секс е најмногу потребен кај младата популација и студентите, се надеваме дека во големите ланци во иднина ќе имаат поголема општествена одговорност при формирање на цената.

Или пак доколку не можат да направат таков чекор и да ја намалат цената, тогаш во најмала рака би требало да се потрудат и да понудат поевтин бренд од застапениот на нивните рафтови.

Резултатите од анализата се наоѓаат подолу на сликата.

Извор: архива

Податоците од анализата се направени во период од 26.03.2021 до 30.03.2021