Станбен кредит - јануари 2021

Која банка е прва на листата?

Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.

Извор: архива

Промена на каматните стапки во Јануари 2021  во однос на Декември 2020:

  • Охридска Банка АД Скопје – намалена променлива каматна стапка по десетата година од 5.5% на 5.0%
  • Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен периодот на важење на промотивните каматни стапки до 31.01.2021 година.

Промена на останати трошоци за станбен кредит во Јануари 2021  во однос на Декември 2020:

  • Халк Банка АД Скопје – без надомест за обработка до 06.01.2021 година.
  • Стопанска Банка АД Скопје – без трошок за процена и без административен трошок за сите апликации примени по 01.01.2021 година.
  • НЛБ Тутунска Банка АД Скопје – воведен трошок за процена од 2.000 мкд и манипулативен трошок од 1,25% еднократна провизија или 1,0% еднократна провизија за кредити над 30.000 ЕУР, минимум 5.000 МКД, максимум 60.000 МКД.
  • Силк Роад АД Скопје – воведена провизија за администрирање на кредитот од 1.25% од износот.
  • Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен промотивен период без трошоци за проценка на имот до 31.01.2021 година.