Станбен кредит - октомври 2020

Каде треба да аплицирате за станбен кредит?

Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.

Извор: архива

Промена на каматните стапки во октомври во однос на септември:

  • Охридска Банка АД Скопје – продолжен периодот на важење на промотивните провизиони стапки од 01.10.2020 до 15.01.2021.
  • Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен периодот на важење на промотивните провизиони стапки до 31.10.2020 година.

Промена на останати трошоци за станбен кредит во октомври во однос на септември:

  • Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен промотивен период без трошоци за проценка на имот до 31.10.2020 година.
  • Охридска Банка АД Скопје – воведен трошок за процена на имот во износ од 2.500 мкд и без административен трошок од 01.10.2020 до 15.01.2021 година.