Потрошувачки кредит - септември 2020

Дали некоја банка ги намали каматните стапки?

Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.

Промена на каматните стапки во септември во однос на август:

  • НЛБ Тутунска Банка АД Скопје – намалена променлива каматна стапка после третата година од 6.53% на 6.52%;
  • Стопанска Банка АД Скопје – намалена фиксна каматна стапка од 5.5% на 5.3% и промена во периодот на важење на фиксната каматна стапка од 1 година на 2 години;
  • Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен периодот на важење на промотивните провизиони стапки до 30.09.2020 година.

Извор: архива

Промена на останати трошоци за потрошувачки кредит во септември во однос на август:

  • НЛБ Тутунска Банка АД Скопје – продолжен промотивен период без трошоци за одобрување до 31.10.2020 година.