Брз кеш кредит - септември 2020

Кој брз кредит има подобрени услови?

Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.

Извор: архива

Промени на стапката на вкупни трошоци во септември во однос на август за кредит без гарант:

  • M Cash – намалена годишна стапка на вкупни трошоци од 142% на 5.17%, колку што беше за кредит со гарант, со тоа што има промена на условите, односно истата важи за кредит без гарант. На веб страната нема повеќе опција за кредит со гарант; Kaj M Cash има промена и на рокот на враќање на кредитот на максимум 5 месеци;
  • Money max – зголемена годишна стапка на вкупни трошоци од 20.8% на 24.70%, со минимум рок за враќање на кредитот од 8 месеци;
  • Форца кредити – намалена годишна стапка на вкупни трошоци од 69.8% на 28.7% и тргната опцијата за кредит со гарант од веб страната;
  • Kreddy – намалена годишна стапка на вкупни трошоци од 120.9% на 28.7% и тргната опцијата за кредит со гарант од веб страната;
  • Easy finance – намалена годишна стапка на вкупни трошоци од 118.0% на 38.9% и тргната опцијата за кредит со гарант од веб страната;
  • СН Финансии – зголемена годишна стапка на вкупни трошоци од 36.0% на 55.7%.