Анализа на Веб сајт

Што забележавме на веб сајтот на Прокредит Банка АД Скопје

Анализа бр.7 – Прокредит Банка АД Скопје. Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајн…

Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајнирана на начин на кој пред сѐ ќе внесе сигурност кај корисникот, ќе биде естетски привлечна, едноставна и лесна за користење. Конкуренција.мк во наредните објави ќе ги анализира веб сајтовите на нашите банки. Па да видиме какви веб сајтови имаат македонските банки.

Резултатите подолу се прикажани според наши позитивни и негативни критики, а се водевме според следните критериуми:

  • Ниво на безбедностДали Веб сајтот е означен со катанец (secure), т.е. дали клиентите можат со сигурност да ги впишуваат нивните лични податоци, доколку е потребно при некакви операции, и да бидат сигурни дека истите се заштитени
  • Дизајн на веб странатамодерниот веб сајт се карактеризира со едноставност, естетика и минимализам, прикладни бои и складни елементи
  • Прегледност и едноставност за користењеДали веб сајтот е кориснички подобен (user friendly)
  • РеспонзивностДали веб сајтот може да се користи на сите уреди
  • Функционалност на копчињаДали копчињата на веб сајтот водат до одредена веб страница
  • On-line аплицирањеДали веб сајтот има можност за аплицирање за кредитни продукти, отворање на сметка и депозити
  • УникатностДали веб сајтот има нешто по што се разликува од веб страните на другите банки

Анализа бр.7 – Веб сајтот на Прокредит Банка АД Скопје

Извор: прокредит

Позитивни:

  • Безбеден – Веб сајтот е означен со катанец
  • Респонзивен – се приспособува на секаков екран
  • Мултијазичен сајт – сајтот е достапен на македонски, англиски и албански јазик
  • User Friendly – едноставен и интуитивен за користење, нема голема комплексност
  • Сите копчиња се функционални
  • Модерен и едноставен дизајн, со истакнување на актуелните понуди, прикажани со фотографии на кои доминира црвената боја во согласност со логото на банката
  • Главното мени е хоризонтално поставено, јасно означено и лесно за користење од страна на клиентите
  • Нуди можност за:
    • користење на мобилна апликација
    • on-line аплицирање за кредити и за отварање на трансакциски сметки

Негативни:

  • Недостасуваат калкулатори за информативна пресметка за кредити и депозити.

Анализата е направена на 03.02.2021