Анализа на Веб сајт

Што забележавме на веб сајтот на НЛБ Банка АД Скопје

Анализа бр.1 – НЛБ Банка АД Скопје. Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајн…

Веб сајтот на една банкарска институција треба да биде дизајнирана на начин на кој пред сѐ ќе внесе сигурност кај корисникот, ќе биде естетски привлечна, едноставна и лесна за користење. Конкуренција.мк во наредните објави ќе ги анализира веб сајтовите на нашите банки. Па да видиме какви веб сајтови имаат македонските банки.

Резултатите подолу се прикажани според наши позитивни и негативни критики, а се водевме според следните критериуми:

  • Ниво на безбедностДали Веб сајтот е означен со катанец (secure), т.е. дали клиентите можат со сигурност да ги впишуваат нивните лични податоци, доколку е потребно при некакви операции, и да бидат сигурни дека истите се заштитени
  • Дизајн на веб странатамодерниот веб сајт се карактеризира со едноставност, естетика и минимализам, прикладни бои и складни елементи
  • Прегледност и едноставност за користењеДали веб сајтот е кориснички подобен (user friendly)
  • РеспонзивностДали веб сајтот може да се користи на сите уреди
  • Функционалност на копчињаДали копчињата на веб сајтот водат до одредена веб страница
  • On-line аплицирањеДали веб сајтот има можност за аплицирање за кредитни продукти, отворање на сметка и депозити
  • УникатностДали веб сајтот има нешто по што се разликува од веб страните на другите банки

Анализа бр.1Веб сајтот на НЛБ Банка АД Скопје

Извор: nlb

Позитивни:

  • Безбеден – Веб сајтот е означен со катанец
  • Респонзивен – се приспособува на секаков екран
  • Модерен дизајн, чисти бои,  усогласени елементи
  • Мултијазичен сајт – сајтот е достапен на македонски и англиски јазик
  • User Friendly – едноставен и интуитивен за користење, нема голема комплексност
  • Речиси сите копчиња се функционални
  • Нуди можност за:
    • користење на мобилна апликација
    • користење on-line аплицирање за кредити и отворање на трансакциски сметки
    • користење на кредитен и депозитен калкулатор за информативна пресметка.

Негативни:

  • Нема детални објаснувања за продуктите и обрасци за истите
  • LinkedIn копчето кое се наоѓа во долниот дел на веб страниците (футерот) не води никаде, а би требало да води до профилот на банката
  • Нефункционално копче за промена на јазик, односно кога се пренасочуваме на англиската верзија на веб сајтот, немаме копче за враќање назад на македонскиот сајт, т.е. копчето English кое се наоѓа на најдолниот дел на веб сајтот (во делот на футерот) при клик не се менува во Македонски
  • Контактирањето со банката е исклучиво преку контакт центарот, кое често не е од помош за клиентите, особено кога клиентите имаат потреба да исконтактираат со соодветни служби
  • Веб сајтот е двојазичен, но има активни линкови кои се на албански јазик -> линк и слика во продолжение
    линк до страницата

Анализата е направена на 03.02.2021