3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА „СПОСОБНИОТ“ ЗАЕВ

Неспособна влада за вакцини, но способнa за тендери и развивање на грчкиот туризам

Според насловот, големите СДСМ-овци веднаш ќе го окарактеризираат текстот најверојатно како ВМРО-вски (whatever), а пак кутрите ДПМНЕ-овци, (читај поранешните лопови) ќе си помислат „овој е наш“!

Извор: google

Според насловот, големите СДСМ-овци веднаш ќе го окарактеризираат текстот најверојатно како ВМРО-вски (whatever), а пак кутрите ДПМНЕ-овци, (читај поранешните лопови) ќе си помислат „овој е наш“!
Така е тоа на Балканот, ако не си со нас, тогаш си против нас. А ни ДУИ нема да ме изненадат да имаат претставник и во овој тендер.

Денес се актуелни картичките и ни помалку ни повеќе 3 милиона евра за изработка кобајаги за српските туристи кои ќе поминуваат преку нашата Македонија патувајќи кон јужниот сосед. Го паметам Заев како гордо изјавуваше неодамна на некој прес дека ова е благодарност кон Србија, затоа што ни дале вакцини.

Чек чек чек, дали јас овде добро ги капирам работите?

Абе до кога шапшали ќе ја водат оваа држава, има ли писмени луѓе овде? Да сумираме:
Нивната неспособност за набавка на вакцини за својот народ, кои ги изгласале да ги водат, не успеале да го изреализираат заради немање ниту контакти, ниту знаење да се наметнат или што би рекли браќата срби „немају ни знање ни имање“ но затоа алчност имаат, па затоа и од овој „deal“ сакаат дебел процент.

Единствено за што беа способни е како просјаци од соседната Србија да молат за трошка вакцини за после да им се заблагодаруваат преку патарини и ОП! – испадна проектот „СРПСКЕ КАРТИЦЕ“ како прекрасна идеја на некој имбецил од нивни редови. И претпоставувам дека се убедени дека оваа приказна така наречена „СРПСКЕ КАРТИЦЕ“ лесно ќе помине кај народот.

Али браќа социјалисти грдно сте се зајебали!

Реакциите на социјалните мрежи не стивнуваат, па така објавата на спектакуларниот Божидар Божиновски достигна 1.1К лајкови за само 4 часа.

“Три милиони евра ќе чинат картичките за бесплатна патарина за српски туристи” Рашковски, излези сине овие криминал без тебе прат.

Posted by Божидар Божиновски on Wednesday, 26 May 2021

Во еден од коментарите под неговата објава, дотичниот Makiuli Kostovski, фино Ви објасни како може да се препознаат српските туристи.

Исто така на нашите омилени портали „Offnet“ и „СДК.МК“ во насловот ја дообјаснија глупоста на владата, подарокот е само за србите кои патуваат кон Грција, но не и за туристите кои решиле нивните пари да ги остават во нашата земја, на пример Охрид. Па природно се наметнува прашањето: Дали се нормални овие од владава наша, каде направија раздор и омраза кон србите како народ, сега испаѓа дека тие што решиле да ја посетат нашата држава им следи КАЗНА, патарина! Па што сме ние? ….туристичка агенција за разработување на грчкиот туризам???

И на крајот на денот уште ми требаше објаснувањето од гласноговорникот на Владата, Душко Арсовски, на денешната прес-конференција, каде одговори на новинарско прашање, рече дека изработката на смарт картичките за пропуштање на српските возила на патарините ќе чини 100 денари по парче. И изјави:

Владата на вчерашната седница донесе одлука, во знак на благодарност кон Србија за бесплатната вакцинација и донираните дози, да издвои 2,9 милиони евра за 200.000 смарт-картички за српските возила кои ќе транзитираат од „Табановце“ до „Богородица“ и назад од 15 јуни до 15 август.
„Во однос на пресметката за тоа колку ќе заштетадат, многу е чиста работата тука – 760 денари ќе има на секоја од картичките, колку што чини транзитот по Коридор 10 низ Северна Македонија Изработката на картичката е 100 денари, значи по возило трошокот е 860 денари“, објави Арсовски.
Пресметките за тоа дека ќе поминат околу 200.000 се направени преку анализи на поминати возила во претходните години.
„Ако се земе предвид фактот дека минатата година поради пандемијата со Ковид-19 границите речиси да беа цело време затворени, споредбата е направена од 2019 во која имаше рекорден приход од наплата на патарина. Бројката е извлечена од таа анализа. Во однос на изработката, за тоа е задолжено Јавното претпријатие за државни патишта“.

Заради нивната неспособност, повторно гласајте ги пиперџиите, па после чудете се зошто сме толку задолжени и зошто освен верглањето за НАТО и Европска Унија тапкаме во исто место и се повеќе тонеме заради задолженоста и способноста на партиите и владите, без исклучок на ниедна од нив.

Извор: google