Монополот на една п**ка

Телеком е како „супер риба“ со која на крајот не уживате во ништо од понуденото и „даденото“ - освен во лошиот секс!

Преку рекламните пораки и спотовите на Македонски Телеком добивате впечаток дека сте во друштвото на „повластените“ корисници и создаваат впечаток дека сте привилегирани. Сите Телеком слогани звучат од типот: „најдобрата мрежа“ „ние сме најдобри“, „добивате двојно повеќе“, „даваме дупло“, „неверојатна понуда“, дупло, дупло, дупло… Но реалноста е, каква?

Извор: google

Преку рекламните пораки и спотовите на Македонски Телеком добивате впечаток дека сте во друштвото на „повластените“ корисници и создаваат впечаток дека сте привилегирани. Сите Телеком слогани звучат од типот: „најдобрата мрежа“ „ние сме најдобри“, „добивате двојно повеќе“, „даваме дупло“, „неверојатна понуда“, дупло, дупло, дупло… Но реалноста е, каква? 

СПОДЕЛЕНО ДОЖИВУВАЊЕ:
Се надевам дека во животот сите сте имале прилика да бидете во друштво на убава девојка? За да запознаете таква девојка, требаше да имате некаков контакт,… инаку шансите за запознавање се помали.
За да се припари на таква девојка, стратегиите беа различни: некој користеше нејзини блиски другарки, а момците со поголема самодоверба и сами приоѓаа (за таква девојка ни Instagram не ви помага).
За нејзината убавина сите зборуваа, по природата на нештата освојување на таква девојка се сметаше како своевиден трофеј, адреналинско чувство на успех и гордост. И така, после многу ноќи заедно, испиени пијачки и многу внимание како во некоја виртуелна игра преку коментарите на другарите „Браво Царе“,  знаевте дека First Level, Completed.
Но набрзо паѓаат маските и само вие знаете дека единствено што сте добиле е само убаво спакуван ЛОШ СЕКС.
Е така некако и „нашиот“ Телеком преку рекламните слогани и маркетиншките пораки звучат подобро од најдобрите бајки за деца на познатиот Ханс Кристијан Андерсен. И како погоре споменатата „убавица’ која само добро изгледа однадвор, но реалната вистина која ќе ви остане во сеќавање е само сознанието за лошиот секс со лоша лична хигиена! Или што би рекла баба ми: Од горе мазно, одоздола азно.
И сега нема да пишувам за:

  • нивните скапи цени на мобилните апарати,
  • нивниот лош однос со клиентите во салоните,
  • недоволниот број на вработените во салоните и долгите редици,
  • за честото паѓање на 4G мрежата на мојот мобилен,
  • за паѓањето на нивната мрежа на моето домашно Wi-Fi и покрај тоа што се води како оптика,
  • за прескапиот летен роаминг пакет секое лето,
  • за нивната недостапност по било кое прашање,
  • за смешната сугестија „напишете приговор“, бидејќи одговорот никогаш нема да е во корист на потрошувачот,
  • за одбивањето на жалбите и никаква грижа за корисници,
  • за нивното самоволно менување на листата на ТВ каналите,
  • за бесплатниот канал преку кој бесплатно влегуваат во вашиот дом и ги вртат нивните реклами за сите други пакети,
  • за оскудноста на ТВ каналите,
  • за сервисерот Мобико кој што е приватен бизнис на бившиот директор,
    итн….
    За сите овие теми одделно ќе се осврнам во наредните текстови.
    Сега ќе се осврнам за нивниот „поклон“ т.н. БОНУС кој „нашиот“ Телеком го користи како мамец за потпишување на обврзувачкиот договор за пакетот МАГЕНТА кој е во време траење од 2 години. Тој договор на потрошувачот му носи само: проблеми, услови и дополнителни трошоци. Ништо друго, или со други зборови ТОА Е САМО ЛОШ СЕКС кој сакате да го заборавите!

Но да тргнеме од почеток, можеби сте заборавиле, па да се потсетиме…
Пред 3 или 4 години Телеком започна со рекламирање на фамозниот пакет МАГЕНТА, тоа всушност беше бившиот МаксТВ од Телеком, но сега препакуван!
Рекламите за МАГЕНТА-та ни искачаа дома и од нашите фрижидери. Имав впечаток дека нивниот рекламен буџет беше поголем и од ВМРО-вскиот буџет на времето, а богами и од СДМС-овскиот буџет сега.
Телеком тотално ги окупира медиумите: радијата, телевизиите, уличните билборди, ФБ постовите, твитовите, LinkedIn, ПР постови,… се со цел да ни укажат колку се „најдобри“, „најевтини“ и други слични убедувања. Тоа беше право продавачко лудило!
Тоа впрочем беше нивниот напад на македонските домаќинства (потрошувачите) со цел да ги спојат нивните услуги како: телевизијата, интернетот, фиксните линии и мобилните броеви во еден пакет. Тоа беше Телеком напад за зазимање на „колачот“ од конкуренцијата на македонскиот пазар. И нормално со толкав буџет и без некоја силна конкуренција, беше успешен.
Но зад сите тие „бајни и сјајни“ понуди од Телеком во нивните салони Ви го подметнуваа две годишниот договор, при чије потпишување вешто Ви ги замачкуваа очите со нивниот вредносен ПОКЛОН т.н.БОНУС кој можевте да го искористите се до истекот на истиот договор.
Па така јас добив вредносен бонус од ХХ денари. Кој замислете, ако не го искористите во тој (условувачки) период од 24 месеци, ВИ ПРОПАЃА ПОКЛОНЕТОТО!
За мене уште почудно беше сознанието дека бонусот доколку не сте го искористиле во наметнатиот рок, немате право да го споите со наредниот бонус од новиот договор, доколку решите да го продолжите пакетот за наредните 24 месеци.

Извор: архива

Или да ви биде појасно, тоа е како онаа иста риба (смрдлата од почетокот на текстот) која е само добро „спакувана“ однадвор, да ви подметне своевиден договор со клаузула: Доколку сексот со мене ти биде лош, ќе мора да ми плаќаш оштета во наредни 24 месеци. И вие на „неиспробано“ да се согласите.
На тој начин Телеком корисниците ги претвара во нивни заморчиња и експериментални глувци и преку тој договор Ве држат на малиот прст. И доколку се случи и најмала промена во вашата одлука или некаков тип на незадоволство, тие преку казнените поени ќе го наплатат својот дел односно планираниот профит. Казната ја плаќате дури и во случај ако се селите од државата.
Не гледав логика зошто да го потпишам таквиот условувачки договор. Требаше однапред самиот да си препишам казна, согласност за нивен  роб и нервоза заради монополот на Телеком. А и бонусот ти го поклонуваат за да не ти го дадат.

Јас го прекинав договорот за Магента, за Вас не знам!?
Наравоучение:
Очигледно е дека во „нашиот“ Телеком сеуште не сфатиле, дека најдобрата реклама е зборот на задоволниот потрошувач. И не треба сами да се фалат колку се добри, тоа не е доблест на паметна компанија. За нив треба да зборуваат корисниците и потрошувачите. И треба да ја применат старата македонска изрека „Добриот глас на далеку се слуша, а лошиот уште подалеку“ и да ја понудат нивната услуга која ја ветуваат во нивните реклами, за да не им се случи вториот дел од изреката како бумеранг ефект од народот.

П.С.
И уште нешто, Телеком е во машки род, нели?
Хмм, можеби во текстов наместо „убавата риба“ требаше Телеком фигуративно да го именувам во машки род, на пример некој „убав пастув“ – но добиваш мaжиште кој ниту знае, ниту може да ја задоволи девојката. Едноставно нема основни џентлменски манири – know how вештини. Сигурен сум дека многу читателки ќе препознаат некои свои лоши животни искуства со некои машки ликови кои не биле вредни за внимание, и само ќе се насмеат на вистината во споредбава и од личен агол, ќе си признаат дека имам право.
Но, ме мрзи повторно да прекуцувам во машки род,… а и некако епитетот П**КА повеќе му лежи на Телеком како компанија и подобро се лепи на нивниот условувачки БОНУС.
Cheers.