ЗПИС

Во малопродажбата, грозјето е најевтино во овие места

Сензационалниот вкус кој го чувствуваме додека јадеме грозје е доволна причина за да го ставиме во потесниот избор на нашето дневно мени кон крајот на летниот период. Но, уште поголема причина заради која би го избрале ова овошје кое и боговите го обожавале е неговата здравствена и прехранбена вредност.

Извор: google

Но, колку оваа година чини зрнестиот бисер кој е чувар на нашето здравје? Податоците на Земјоделско пазарниот информативен систем покажуваат дека просечната цена на килограм црно грозје ова лето чини околу 69 денари, а белото грозје 78 денари во трговијата на мало.

Овој август, стандардно во туристичките места како Охрид, грозјето е најскапо и тоа продажна цена од 96 за црното, а 70 денари по кило за белото грозје. Во Битола и Гостивар, грозјето се продава во просек по 70 денари од кило, а во Кавадарци е најевтина цената и тоа 60 за белото и 40 МКД за црното грозје.

Во Скопје, пак, одредени маркети на акции веќе продаваат кило грозје од 35 денари.