ЗАВРШЕН МАНДАТ НА ПОЧЕСНИОТ КОНЗУЛ

Според Црногорската влада, Бранко Азески е спремен за пензија

Црногорската влада го отповика почесниот конзул во Република Македонија, Бранко Азески, со образложение дека тоа е сторено затоа што конзулот се обидува да ги омаловажи и да ги компромитира највисоките власти во Црна Гора, презентирајќи свои лични забелешки и предвидувања во врска со работата на Црногорската влада, пишува црногорскиот портал Дан.

Извор: google

Одлуката за отповикување беше усвоена на последната седница на Владата на Црна Гора.

„Бранко Азески е отповикан од позицијата почесен конзул на Црна Гора во Штип – Република Македонија, со надлежност над општините Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип и Чешиново Облешево“, наведено е во решението кое е потпшано од премиерот Здравко Кривокапиќ.

Во одлуката на Министерството за внатрешни работи е назначено дека Азески, извршувајќи ја должноста почесен конзул, ја користи секоја можност да го наруши угледот на Црна Гора и кредибилитетот на нејзините тела со неговиот наратив.

Исто така, преку комуникација со одредени бизнисмени тој ги омаловажува и компромитира највисоките власти во Црна Гора, презентирајќи ги своите лични ставови и предвидувања за работењето на црногорската влада.

Извор: google

Министерството за надворешни работи оценува дека овие лични перформанси можат сериозно да го нарушат угледот на државата и дека нема основа за понатамошно назначување на неговата функција.

Инаку, Бранко Азески е почесен конзул на Црна Гора во Македонија од 2016 година. Беше именуван за почесен конзул во Штип, со надлежност на општините Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип и Чешиново-Облешево – предвидено со тогашната одлука на црногорската влада.