Covid-19 профитерство

Погледнете за каков Covid-19 тест, македонските граѓани плаќаат по 12 000 денари

12.000 денари за брз PCR тест за Covid-19 направен непосредно пред полетување. Ова е цената што ја плаќаат македонските граѓани доколку одлучат пред качување во авион да направат тест кој е неопходен за да слетаат во некоја од земјите на ЕУ.

Извор: google

12.000 денари за брз PCR тест за Covid-19 направен непосредно пред полетување. Ова е цената што ја плаќаат македонските граѓани доколку одлучат пред качување во авион да направат тест кој е неопходен за да слетаат во некоја од земјите на ЕУ.

За цените на Covid 19 тестовите во јавните институти и приватни клиники, веќе пишувавме. Но, она што е ново е цената на брзиот тест кој може да се направи и на аеродромот во Скопје пред полетување. Со ваквиот тест, од минатиот месец, пациентот го добива резултатот за 15-20 минути на самиот аеродром, а кој му е потребен за да патува во некоја од земјите на ЕУ/Шенген зоната.
До нашата редакција стигнаа фотографии на фискални сметки каде се гледа дека приватната болница “Жан Митрев” наплаќа 12.000 денари за брз PCR тест и 1.500 денари за брз антиген тест. Сепак не се работи за тестови направени во лабораториите на нивната клиника, туку на скопскиот аеродром каде “Жан Митрев” има свое подвижно амбулантно возило за да им излезе во пресрет на оние патници кои имаат потреба од ваков тест.

Се чини дека во време кога сме сведоци на финансиски пад и истребување на многу бизниси, погодени од светската здравствена криза, за бизнисот со Covid-19 тестовите очигледно нема зима. Милионски цифри се споменуваат за приходите кои ги оствариле приватните клиники преку наплата на тестовите со кои се потврдува присуство на вирусот кај пациентот.

„Граѓаните изгледа се навикнаа на сумите за тестови во македонските клиники и лаборатории, но дали треба да се наплаќа толку скап тест на аеродром? Можеби сме немале време претходно да се тестираме и ете убаво што ни се нуди шанса тоа да го направиме пред самиот лет кон земјата каде одиме во посета на нашите најблиски, но треба ли да плаќаме така висока цена за тоа ?” – прашува нашиот читател.